Спектакуларна атмосфера на вечното дерби - две групи, а инциденти нула (ВИДЕО)

Вечното дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички во салата „Јане Сандански“ вечерва уште еднаш покажа зошто пресметките на најголемите ривали се посебни за македонската кошарка.

Над 3.000 љубители на кошарката се собраа во за да го проследат дуелот на двата лути ривали. На трибините присутни се двете навивачки групи, кои уште од самиот почеток се погрижија за атмосфера достојна за едно големо дерби.

Навивачите на МЗТ Скопје и Работнички приредија вистинско шоу од трибините, а за пофалба е фактот што сè досега помина без инциденти.