Седлоски тргнува напаѓачки - Елмас сега во нападот, шпиц е - Растодер!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ја пречекува Словенија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје во последниот меч од групната фаза во Лигата на нации.

На еден час пред почетокот на натпреварот, селекторите на двете селекции ги објавија составите.

Македонија ќе настапи со Димитриевски, Илиевски, Младеновски, Муслиу, Алиоски, Елези, Гаштаров, Барди, Чурлинов, Елмас и Растодер.

Почетокот на натпреварот меѓу Македонија и Словенија е закажан за 20.45 часот.