Клоп удри по Инфантино: Мислев дека по Блатер не може да биде полошо!
Клоп истакна дека промената на челната позиција во ФИФА би била разумен потег и дека постојат луѓе кои би можеле подобро да ја водат организацијата.
„Во последно време не ја следев таа тема, но го гледав Мундијалот. Верувам дека постои желба кај многумина за промена на самиот врв. Мислев дека по Сеп Блатер не може да биде полошо, но некој успеа да го надмине и тоа“, кажа Клоп.
Изборите за нов претседател на ФИФА ќе се одржат на 18 март следната година.