Митровски: Се чувствувам подобро, по тренингот ќе знам дали ќе можам да играм утре

Димитар Митровски сè уште е под знак прашалник за настап на претстојниот натпревар на Македонија против Словенија, но состојбата со неговата повреда се подобрува.

Македонскиот репрезентативец откри дека се чувствува подобро, а конечната процена за неговата подготвеност ќе биде направена по вечерашниот тренинг. Неговото евентуално враќање би било дополнителен плус за селекторот Гоце Седлоски, кој се надева дека ќе располага со што е можно повеќе расположливи фудбалери за важниот дуел.

„Што се однесува до повредата, се чувствувам подобро. Вечерва, по тренингот, ќе видиме дали ќе можам да играм. Словенија е опасна во транзиција и без разлика што имаат повредени играчи, сигурно ќе одат на победа во Скопје. Ние мора да го дадеме максимумот за да ги освоиме трите бода“, порача Митровски.