ТФТ по продолжение го совлада Кожув, Тиквеш го надигра Пелистер

Кошаркарите на Тиквеш триумфираа против Пелистер со 72-70, додека ТФТ го совлада Кожув со 88-86 по продолжение.

Натпреварот во Кавадарци понуди жестока борба меѓу двете екипи, а Тиквеш на полувреме имаше предност од 36-34.

Тиквеш во второто полувреме стигна до +10 (48-38), но Пелистер возврати и израмни на 50-50, по што следеше неизвесна завршница и триумф на домаќинот од 72-70.

Најефикасен во победата на Тиквеш беше Дејвион Сајкс со 21 поен и 15 скокови, додека Вилсон и Кочовиќ запишаа по 16 поени за Пелистер.

ТФТ и Кожув играа одличен натпревар, кој мораше да се решава по продолжение во кое славеше скопската екипа со 88-86.

Најдобар во триумфот на ТФТ беше Сила со 25 поени, додека Симиќ и Армстронг постигнаа по 20 поени за Кожув.