Растодер го скрши мразот: Македонија даде гол по 323 дена! (ВИДЕО)

Елмин Растодер конечно по точно 323 дена ја прекина нашата црна низа без постигнат гол.

Шкотска на стартот од вториот дел погоди преку Мекгин, но Македонија возврати и во 54-тата минута по корнерот на Барди, Растодер беше највисок во шеснаесетникот за израмнување.