Охрид рутински до победа против Младост
Гостите од Богданци успеваа да се одржуваат цело прво полувреме во кое во ниту ееден момент немаа негатива повисока од четири гола. На паузата се замина со водство на домаќините од 13-11.
Сепак, во вториот дел Охирд „додаде гас“ и со неколку кратки серии набрзина се „одлепи“ и веќе беше само прашање со колкава разлика ќе слави.
Во првиот натпревар, денеска претходна победа забележа и Пелистер над Тиквеш со 37-26. Дербито на колото се игра утре во кое силите ќе ги одмерат скопските ривали Вардар и Алкалоид.