Пелистер без мака го реши Тиквеш и им се врати на победите
За битолскиот состав ова беше осми триумф сезонава во која досега загубија само од Вардар и ремизираа со Охирд на стартот од првенството.
Тиквеш во денешниот дуел се држеше само во првата половина од првото полувреме, а во продолжение фаворитот полека почна да ја презема контролата. На паузата на семафорот стоеше 17-13.
Во вториот дуел избраниците на Червар не дозволија противникот сериозно да се закани и само рутински одработија за нов триумф. Најефикасен на дуелот беше Петар Атанасијевиќ со девет гола, Пешевски го следеше со шест, додека Ончев на спротивната страна броеше до осум.