Бесни навивачи го нападнаа Димитрис Итудис
Според информациите на израелски медиуми, навивачите успеале непосредно да му пријдат на 56-годишниот тренер и директно да му ги упатат критиките поради лошите резултати на екипата.
„Врати се во Грција, ти не си тренер!“, била пораката што му ја упатиле незадоволните приврзаници.
Според сведоштвата на кошаркарите и членовите на стручниот штаб, навивачите без пречки стигнале до Итудис и лице в лице му го кажале своето незадоволство. Поразот од Макаби дополнително ја зголеми нервозата во таборот на Хапоел, кој минува низ тежок период, а притисокот врз искусниот грчки тренер станува сè поголем.
Итудис е поранешен тренер на ЦСКА Москва и Фенербахче, а во кариерата освои две титули во Евролигата со рускиот гигант. Сега се соочува со сериозен притисок од сопствените навивачи, кои очекуваат многу повеќе од тимот.