Марковиќ ги одбра ракометарките за турнирот во Анкара - последен тест пред ЕП 2026!
Собирот на националниот тим е закажан на 22 ноември, со што и официјално ќе стартува подготвителниот период пред заминувањето за Романија. Пред настапот на континенталниот собир во Клуж, „црвено-жолтите“ формата ќе ја темпираат на силен меѓународен турнир во Анкара, кој ќе се одржи од 27 до 29 ноември. Македонските ракометарки на овој турнир ќе одиграат три контролни средби, почнувајќи со дуелот против Финска, Италија и против домашната селекција на Турција. По завршувањето на овие тест-натпревари, селекторот Марковиќ ќе го направи последниот филтер и ќе го соопшти конечниот список на патници кои ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство.
Натпреварите од групната фаза на Европското првенство нашата селекција ќе ги одигра во Клуж на 4, 6 и 8 декември. Македонија се наоѓа во исклучително тешка група, каде за противници ќе ги има репрезентациите на Швајцарија, домаќинот Романија и актуелниот европски шампион Норвешка.
