Италија доби голгетер каков што немала од Кристијан Виери
Со тоа го надмина дури и Кристијан Виери кој беше последен италијански репрезентативец кој постигнал осум гола во првите 14 настапи во националниот тим. Еспозито синоќа ја затресе мрежата на Франција во 26. минута, кога одлично реагираше по додавањето на Николо Камбијаги и го совлада противничкиот голман за 1-1. Во второто полувреме повторно беше прецизен, овојпат од белата точка во 75. минута, со што го запиша и својот деветти гол за Италија.
На само 21 година, напаѓачот на Интер веќе се наметнува како еден од најважните офанзивни адути на италијанската селекција. Интересно е и тоа што во историските споредби според возраста пред него останува само Џузепе Меаца. Легендарниот италијански голгетер имал повеќе репрезентативни погодоци на 21 година, додека Еспозито сега се запиша меѓу најдобрите стрелци на Италија во раната фаза од својата репрезентативна кариера.
Напаѓаќот на Интер дебитираше за „аѕурите“ пред 14 месеци, а веќе е на бројката од девет гола. Иако е многу рано нешто да се прогнозира, нема да биде изненадување ако го собори рекордот на италијанската репрезентација кој го држи Џиџи Рива од 1974 година, а изнесува 35 гола.