Керик постави негативен рекорд – најкратко се задржа на клупата во пост-Фергусон ерата
Керик првично беше назначен за привремено решение на 13 јануари, но добрите резултати во првите 16 натпревари му донесоа доверба од раководството. На 22 мај потпиша долгорочен договор и се чинеше дека клубот конечно пронашол решение за менаџерската позиција.
Сепак, резултатите во продолжението од сезоната не ги оправдаа очекувањата, па раководството реши да ја прекине соработката. Така, Керик го надмина и неславниот рекорд на Дејвид Мојс, кој на клупата на Јунајтед се задржа околу десет месеци, од јули 2013 до април 2014 година.
Од останатите тренери кои го предводеа клубот по заминувањето на Фергусон, Рубен Аморим имаше 14 месеци, Луис ван Гал 22, Ерик тен Хаг 29, Жозе Мурињо 31, додека најдолг стаж имаше Оле Гунар Солскјер со 32 месеци како постојан менаџер.
Честите промени на клупата продолжуваат да бидат една од најголемите слабости на Манчестер Јунајтед во периодот по заминувањето на легендарниот шкотски стратег. Клубот сега повторно мора да бара ново решение, а Маурисио Покетино се споменува како еден од главните кандидати.