Фудбалерите до 19 години ремизираа со Северна Ирска во Турново

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години денеска ремизираше без голови 0-0 во натпреварот против Северна Ирска одигран во Турново.

Македонија се закануваше преку Мухамед Куртиши и Иван Танчев, додека најголемата прилика за нашата селекција ја пропушти Дитмир Хоџа од редовите од Лидс во првото полувреме.

Сепак, и можеа и Ирците да дојдат до гол за победа во самиот финиш кога Калум Томпсон ја погоди пречката од нашиот гол.

Вториот натпревар за нашата селекција е в сабота кога од 13:00 часот ќе играме против Швајцарија.