Рекорд на Кари во НБА – никој друг не може да се пофали со ваков подвиг
Тимот од Сан Франциско славеше со неверојатни 51 поен разлика, а според податоците на статистичкиот сервис „ОптаСТАТС“, за Кари ова беше 17. натпревар во кариерата на кој неговиот тим победил со најмалку 40 поени разлика.
Со тоа, Кари стана кошаркарот кој најмногу пати во историјата на НБА-лигата бил дел од вакви убедливи победи.
Интересно е што најдобриот играч на Голден Стејт на паркетот мина само 20 минути и 48 секунди, но и тоа му беше доволно да постигне 25 поени, на кои додаде пет скока и две асистенции. Погоди четири тројки од седум обиди, додека од поле шутираше со успешност од 6/10.
Голден Стејт имаше тежок почеток на сезоната и ја отвори со три последователни порази, но потоа следуваше целосен пресврт. Триумфот над Њу Орлеанс беше осми по ред за екипата од Сан Франциско, која сега има скор од осум победи и три порази.
Вориорс со тоа испишаа и клупска, но и НБА-историја. Никогаш претходно ниту еден тим во најсилната кошаркарска лига во светот не ја започнал сезоната со три порази, а потоа да врзе осум последователни победи.