Фудбалот нема граници: Навивач во инвалидска количка влета на теренот за да ја прослави победата (ВИДЕО)

Уште еднаш се покажа дека фудбалот е многу повеќе од обична игра. Неверојатна сцена беше забележана на натпревар од третата турска лига меѓу Гебзеспор и Инегол Кафкас.

Натпреварот понуди вистинска драма со дури седум голови, пресврти и победа на домаќините од 4-3, обезбедена во петтата минута од судиското продолжение. Херој на Гебзеспор беше Батухан Алтинташ, кој го постигна победничкиот погодок.

По голот настана вистинска еуфорија, а навивачите влетаа на теренот за да слават заедно со фудбалерите. Меѓу нив беше и навивач во инвалидска количка, кој од огромна радост се упати директно на теренот за да го прослави триумфот на својот тим.

Снимката набрзо стана вирална на социјалните мрежи, а и самиот клуб Гебзеспор објави специјална илустрација посветена на својот навивач со порака:

„Вистинската страст не познава пречки“.