Судијата кој нè ограби во Прага ќе ни суди во Глазгов!
Главен на центарот ќе биде Михаил Оченаш од Словачка кого не го паметиме по добро. Словакот ни судеше пред две гоодини во јуни кога загубивме од Чешка во Прага со 2-1.
На тој натпревар Чешка ги постигна двата гола по сомнителни пенали, а вториот беше досуден во деветтата минута од судиското продолжение што исто така беше чудно што има толку голмо продолжение.
Сега на официјалниот дуел со Шкотска во Глазагов се надеваме на далеку подобра и арбитража. Негови помошници ќе бидат: Адем Јекел и Тобиаш Пачак исто така од Словачка. За четврти судија е избран Борис Марфетка, додека во ВАР собата ќе седат Австријците Алан Кијас и Херланд Лехнер.
Натпреварот е закажан за во терминот од 20:45 часот на „Хемпден Парк“.