Јокиќ застана на чекор од трипл дабл, ама Денвер беше немоќен во Хјустон (ВИДЕО)
Во центарот на вниманието беше дуелот меѓу Хјустон и Денвер, во кој Рокетс славеа со 110-100 и му нанесоа нов пораз на тимот од Колорадо. Никола Јокиќ повторно беше најдобар во својот тим, завршувајќи го натпреварот со 25 поени, 16 скокови и девет асистенции, па само едно додавање го делеше од трипл-дабл.
Џамал Мареј беше најефикасен кај Денвер со 38 поени, но ниту неговиот одличен настап не беше доволен за победа. Кај Хјустон, Кевин Дурент запиша 23 поени, 12 скокови и осум асистенции, додека Алперен Шенгун додаде 20 поени и 11 скокови.
Сан Антонио убедливо славеше на гостувањето кај Феникс со 122-96, а повторно во главна улога беше Виктор Вембанјама. Францускиот центар постигна 40 поени и забележа девет блокади, демонстрирајќи ја својата доминација на двете страни од теренот. Феникс немаше одговор за расположениот Вембанјама, а Девин Букер со 32 поени беше најдобар во поразениот состав.
Најубедливата победа на вечерта ја забележа Голден Стејт, кој го декласира Њу Орлеанс со неверојатни 138-87. Стеф Кари и Брендин Подзиемски постигнаа по 25 поени, во натпревар во кој Вориорс од самиот почеток ја наметнаа својата игра и не му оставија простор на противникот да се надева на изненадување. Лос Анџелес Лејкерс славеше на гостувањето кај Атланта со 124-114, предводен од Лука Дончиќ, кој постигна 32 поени. Шарлот приреди изненадување совладувајќи го Кливленд со 124-112, додека Детроит беше подобар од Вашингтон со 122:111.
Резултати:
Атланта – ЛА Лејкерс 114-124
Шарлот – Кливленд 124-112
Детроит – Вашингтон 122-111
Торонто – Мемфис 102-118
Далас – Индијана 125-122
Хјустон – Денвер 110-100
Феникс – Сан Антонио 96-122
Голден Стејт – Њу Орлеанс 138-87