Драма во Минхен: Хенес го доведе во прашање договорот на болниот Мусијала!
Младиот фудбалер, по тешката повреда заработена минатото лето на Светското клупско првенство, минува низ низа проблеми кои се манифестираат преку губење на свеста, поради што е долго време одвоен од фудбалските терени. Иако Мусијала важи за играч кој е долгорочно проектиран да биде главен лидер на тимот, Хенес е свесен дека неговиот статус не е недопирлив кога станува збор за иднината, со што ја крена целата фудбалска јавност во Германија и Европа на нозе.
„Се наоѓаме во дилема кога е тој во прашање. Боледува од болест која не може едноставно да се излекува, но со помош на лекови може донекаде да се држи под контрола. Сепак, неизвесно е дали некогаш ќе го врати нивото на учинок што некогаш го имаше... Секако, тој и понатаму зема плата. Но, замислете само кога Баерн сега би го довел во прашање неговиот договор и би рекол: ’Она што тој сега е во состојба да го пружи повеќе не е во согласност со она што е предвидено во договорот’“, истакна Хенес.
Овие зборови на почесниот претседател на Баерн ги предизвикаа сите поважни фудбалски актери во Германија, а посебен осврт на ситуацијата даде поранешниот капитен на националниот тим, Лотар Матеус. Легендарниот фудбалер се обиде да проникне во вистинската намера зад зборовите на Хенес, објаснувајќи дека станува збор за свесен психолошки пристап кон младиот играч.
„Ули малку го провоцира и се обидува малку да го изнервира. Тоа е дел од процесот, не само да го виткаме во памук, туку и да го соочиме со малку неприлики. Мислев дека е во ред што Ули го кажа тоа, бидејќи не би требало секогаш сè да славиме и само да чекаме додека не се врати. Џамал всушност не е вратен уште од Светското клупско првенство. Беше надвор од игра 17 месеци и одигра 3-4 натпревари помеѓу тоа. Сега е надвор од игра веќе седум недели поради повреда на мускулот, па тоа повеќе не можеш само да го наречеш повреда. Нешто друго сигурно се случило. Со таа изјава, Ули намерно се обиде да предизвика реакција. Да сум јас на местото на Џамал, тоа би ми било доволна мотивација да му покажам на Ули дека сум се вратил. И тоа би го направило Ули среќен“, јасен беше Матеус.