Комо немоќен против шампионот: Интер со два брзи гола до нови три бода!

Актуелниот италијански шампион Интер славеше против незгодниот Комо со 2-0 во 11. коло од Серија А.

„Нераѕурите“ го решија прашањето за победникот уште на стартот, кога со два брзи погодоци преку Франческо Еспозито и Маркус Турам стигнаа до предност од 2-0.

Екипата на Сеск Фабрегас делуваше немоќно на теренот и не успеа да создаде посериозни шанси за да го загрози голот на Хозе Мартинез.

Интер е втор во Серија А со 28 бодови, односно еден помалку од лидерот Лацио.

Фото: Facebook/Inter