Маркез ќе почека за титулата: Бецеки триумфира на трката во Катар (ВИДЕО)

Марк Маркез мораше да ја одложи прославата на титулата во Мото ГП шампионатот, откако на патеката во Катар славеше Марко Бецеки.

Италијанецот со Априлија беше одличен на патеката, додека Маркез мораше да се задоволи со втората позиција, додека Хорхе Мартин заврши на третото место.

Маркез стигна во Катар со можност и математички да ја обезбеди 10. титула во Мото ГП, но Бецеки му ги расипа плановите.

Катар не го донесе шампионот, па Маркез ќе мора да почека барем до Португалија за да ја добие светската круна.

Во генералниот пласман води Маркез со 431 бод, по што следи Мартин со 371 поен, а Бецеки е трет со 357 бодови.