Македонија гостува кај Грција: Лазаров ги избра ракометарите за дуелот! (ФОТО)
Македонија претходно славеше против Луксембург со убедливи 41-23, додека Грција бееш поразена од Шведска со 24-33 во првото коло.
Селекторот Кире Лазаров ги избра ракометарите за натпреварот против Грција, а во составот може да се забележи една промена на голманската позиција.
На местото на Иван Галевски во составот на Македонија се најде Васил Гогов, кој треба да добие шанса против јужниот сосед.
Натпреварот меѓу Грција и Македонија се игра во Халкида од 16 часот.
