Хорор во Германија: Навивач се обидел да се искачи на ограда, па паднал од голема висина!

Натпреварот меѓу Падерборн и Ајнтрахт Франкфурт беше засенет од сериозна несреќа на трибините, откако еден гостински навивач падна од висина од околу четири метри.

Инцидентот се случил во секторот наменет за навивачите на гостинската екипа. Навивачот се обидел да се искачи на заштитната ограда, но ја изгубил рамнотежата и паднал од трибината, при што се здобил со повреда на главата.

„Билд“ објави дека навивачот е пренесен во болница со сериозни повреди кои се опасни по неговиот живот.