Трагедија го потресе Бразил: Поранешен фудбалер убиен на 36 години!

Поранешниот бразилски фудбалер Бизмарк Винисиус го загуби животот на 36-годишна возраст, откако беше застрелан во вооружен напад во еден угостителски објект.

Инцидентот се случил во раните утрински часови во петокот, кога фудбалерот бил во локал со пријатели. Според првичните информации од бразилските медиуми, дошло до расправија меѓу присутните, по што осомничениот го напуштил објектот.

Меѓутоа, наместо да се смири ситуацијата, тој набргу се вратил вооружен со пиштол и испукал неколку куршуми.

Винисиус бил тешко повреден и веднаш бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот. Во нападот била повредена уште една личност, која добила медицинска помош.