Зидан изненади со повикот за еден напаѓач, ова не се случило 53 години

Селекторот на француската репрезентација, Зинедин Зидан, го објави списокот на фудбалери за претстојните натпревари во Лигата на нации против Италија и Турција, а најголемото изненадување е првиот повик за напаѓачот на Париз, Пабло Пажис.

Пажис стана првиот фудбалер на Париз кој добил повик во репрезентацијата на Франција во последните 53 години.

На списокот се враќа и Орелиен Чуамени, а Зидан се одлучи за вкупно 23 фудбалери. Сепак, Французите ќе бидат значително ослабени бидејќи поради повреди ќе недостасуваат неколку важни играчи: Вилијам Салиба, Жил Кунде, Максенс Лакроа, Ману Коне, Усман Дембеле и Естебан Лепол.

На местото на Кунде е повикан Мало Густо. Дејо Упамекано исто така е на списокот, но поради суспензија нема да може да настапи на гостувањето во Милано.

Франција на 12 ноември од 20:45 часот ќе ѝ гостува на Италија, додека три дена подоцна, на 15 ноември, ќе ја пречека Турција.

Списокот на Франција:

Голмани: Мајк Мењан, Гијом Рест, Робин Рисер.

Одбрана: Енди Диуф, Мало Густо, Жереми Жаке, Пјер Калулу, Ибрахима Конате, Адриен Труфер, Дајо Упамекано, Лени Јоро.

Среден ред: Едуардо Камавинга, Рајан Шерки, Лука Да Куња, Адриен Рабио, Орелиен Чуамени, Ворен Заир-Емери.

Напад: Бредли Баркола, Дезире Дуе, Килијан Мбапе, Мајкл Олисе, Пабло Пажис, Маркус Турам.