Газдата на Панатинаикос доби жестока суспензија и парична казна!

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, доби суспензија од 10 месеци и нема да смее да влезе во ниту една спортска сала во Грција.

Дисциплинската комисија на грчката кошаркарска лига немаше милост кон Јанакопулос по пријавата од Олимпијакос.

Причината е објавата на Јанакопулос на Инстаграм поврзана со големиот скандал во грчката кошарка и апсењето на судии осомничени за местење натпревари. Во објавата се појавија и пораки кои се поврзани со Олимпијакос.

Освен суспензијата, контроверзниот сопственик на Панатинаикос ќе мора да плати и парична казна од 60.000 евра.