На што спадна гигантот: Дешан не сака ниту да помисли да седне на клупата на Јунајтед!

Поранешниот селектор на Франција, Дидие Дешан, не сака да ја прифати можноста да го преземе Манчестер Јунајтед, иако неговото име се наоѓа меѓу главните кандидати за менаџерската позиција кај „црвените ѓаволи“.

Педесет и осумгодишниот стратег во моментов го разгледува својот следен чекор во кариерата, откако ги напушти „триколорите“ по завршувањето на СП 2026 година. Тој помина 14 години на чело на францускиот национален тим, предводејќи го до светската титула во 2018 година, како и до финалињата на Евро 2016 и Мундијалот во 2022 година.

Французинот се разгледува како потенцијална замена за актуелниот менаџерна „Олд Трафорд“, Мајкл Керик и покрај фактот што нема работено на клупско ниво уште од 2012 година. Сепак, Дешан има сериозни сомнежи околу евентуалната преселба во англискиот гигант. Главна причина за неговата скептичност се континуираната нестабилност во раководните структури на клубот, отвореното незадоволство кај навивачите и бројните проблеми поврзани со трансфер-политиката. Поради ова, тој е подготвен да го почека крајот на тековната сезона пред да донесе конечна одлука за својата иднина.

Пред да ја преземе француската репрезентација, Дешан акумулираше богато искуство на клупско ниво водејќи ги екипите на Монако, Јувентус и Марсеј. Неговите најзначајни клупски достигнувања вклучуваат пласман во финалето на Лигата на шампионите со Монако во 2004 година, враќање на Јувентус во Серија А по скандалот „Калчополи“, како и освојување на шампионската титула во француската Лига 1 со Марсеј во 2010 година.