Каталонците тврдат: Динамо добива тренер од Барселона!

Динамо Загреб е пред ангажман на нов тренер, а изборот наводно паднал на 35-годишниот Пол Планас, досегашниот тренер на јуниорскиот тим на Барселона, тврди каталонскиот весник „Спорт“. 

Според информациите на каталонскиот медиум, Планас веднаш ќе ја напушти Барселона и ќе го преземе првиот тим на Динамо. Загрепчани во потрагата по нов тренер размислувале и за ангажман на поранешниот бразилски репрезентативец Жулијано Белети, кој ја предводи втората екипа на каталонскиот гигант, но конечната одлука, како што наведува „Спорт“, паднала на Планас.

Планс е дел од Барселона од 2016 година, каде што работеше со повеќе младински категории. Во периодот од 2023 до 2025 година го предводеше тимот Хувенил Б, а во летото 2025 година беше назначен за тренер на Хувенил А, најстариот јуниорски состав на каталонскиот клуб. Неговиот тим моментално се наоѓа на второто место во шпанското јуниорско првенство, зад Еспањол, додека во младинската Лига на шампиони има освоено пет бода на четири натпревари.

Доколку се реализира договорот, Планас за првпат во кариерата самостојно ќе води сениорски тим, и тоа еден од најголемите клубови во Хрватска.

кот на селекторот Сергеј Барбарез за претстојните натпревари од Лигата на нациите против Шведска на 14 ноември и Романија на 17 ноември.