Јубилеј на МЗТ: 30 години од денот кога во Скопје падна Реал Мадрид! (ВИДЕО)

Денешниот ден со златни букви е запишан во историјата на МЗТ Скопје, аеродромци пред точно 30 години го приредија едно од најголемите изненадувања и славеа победа над големиот Реал Мадрид со 69-68 во Купот Сапорта.

Во тој натпревар на 6 ноември 1996 година на домашен терен МЗТ покажа дека може да се надигурва со најсилните, па и со Реал Мадрид кој од клупата беше предводен од Жељко Обрадовиќ, а на теренот го имаше Дејан Бодирога.

Слободните фрлања на Перо Блажевски од тој дуел во самиот финиш сигурно ниту еден навивач на клубот од Аеродром не може да ги заборави.

„Прецизно изведените слободни фрлања на Перо Блажевски и антологиските зборови „Тишина е потребна...“ на легендарниот коментатор Љубомир Николовски засекогаш остануваат врежани како главно сеќавање од најголемата победа во историјата на нашиот клуб. 

Историја што не се брише. Гордост која трае. Одиме понатаму!“, потсетија од МЗТ.