Јуве победи, но Спалети збесна и жестоко го нападна Кабал! (ВИДЕО)

Јувентус стигна до втората последователна победа, но тренерот на торинскиот гигант, Лучано Спалети не беше најзадоволен од изданието на своите фудбалери.

По триумфот од 2-1 против АЗ Алкмар во четвртото коло од Лигата на Европа, италијанскиот стратег ги загуби нервите и жестоко реагираше кон својот играч Хуан Кабал.

„Старата дама“ имаше убедливо водство од 2-0 на гостувањето во Холандија, благодарение на головите на Теун Копмајнерс во 19. и Рандал Коло Муани во 37. минута. Сепак, во завршницата од натпреварот Јувентус си дозволи непотребна драма и за малку ќе ја прокоцкаше стекнатата предност.

Домашниот тим најпрво намали на 2-1, а во судиското продолжение успеа и да ја затресе мрежата за израмнување. Сепак, голот на Де Вит беше поништен поради офсајд, па италијанскиот тим сепак ги освои трите бода.

Спалети беше особено разочаран од настапот на колумбискиот дефанзивец Хуан Кабал, кој влезе во игра во 60. минута, но не успеа да ја донесе потребната сигурност во последната линија на Јувентус. По последниот судиски свиреж следуваше жестока реакција на тренерот. Телевизиските камери го забележаа Спалети како му приоѓа на Кабал, нервозно му се обраќа, го критикува и остварува физички контакт со него.

На италијанскиот стратег очигледно најмногу му пречеше фактот што Јувентус во последните половина час целосно ја загуби контролата врз натпреварот и му дозволи на противникот сериозно да ја загрози победата која веќе изгледаше обезбедена.