Толку од РК Партизан: Проектот се распаѓа поради политика, Раул е без работа!
Според информациите на „Моцарт Спорт“, на седницата на Управниот одбор одржана во Хумска не биле донесени конечни одлуки, но се очекува оставка од претседателот Милјан Жугиќ.
Покрај него, клубот би требало да го напуштат и потпретседателите Дане Шијан, Момчило Мандиќ и Зоран Анѓелковиќ. Се најавува и повлекување на Владимир Мандиќ, главниот финансиер на проектот, кој немаше официјална функција во клубот.
Потенцијалниот потрес доаѓа во момент кога Партизан ги бележи најголемите вложувања во својата историја. „Црно-белите“ освоија две последователни титули во српското првенство, минатата сезона ја завршија со четири трофеи, а летово се вратија и во Лигата на шампионите по пауза од 13 години.
Годишниот буџет на Партизан се проценува на околу 2,5 милиони евра, а дел од ракометарите имаат месечни примања од пет цифри. Затоа, евентуалното повлекување на досегашните финансиери отвора сериозни прашања за финансиската стабилност, задржувањето на актуелниот играчки кадар и продолжувањето на соработката со Гонзалез.
Засега нема официјална потврда за најавените заминувања. Следната недела би требало да донесе појасна слика за тоа кој ќе го преземе управувањето со клубот и како ќе бидат обезбедени средствата за продолжување на сезоната.