Рома постави неславен рекорд - никој досега не доживеал ваква катастрофа во ЛШ!

Италијанскиот клуб Рома постави неславен рекорд во Лигата на шампиони (ЛШ), откако стана првиот тим во историјата на елитното европско натпреварување кој во една сезона двапати загубил натпревар во кој имал предност од најмалку два гола.

На италијанскиот тим му беа потребни само 20 дена за да стигне до лошиот резултат, кој сигурно ќе сака што побрзо да го заборави.

Првиот колапс се случи на 14 октомври, кога Рома на домашен терен загуби од Реал Мадрид со 3-4. Екипата од Рим имаше предност од 3-1, но во завршницата целосно се распадна.

Само 20 дена подоцна следеше ново разочарување за римскиот клуб. На гостувањето кај Манчестер Јунајтед, Рома поведе со 2-0 уште во првите 17 минути, но затоа во вториот дел од мечот доживеа катастрофа.

Фото: X/AS Roma