Флик ги загрижи навивачите на Барселона по триумфот против Астон вила

Барселона оствари убедлива победа од 3-0 против Астон Вила во Лигата на шампионите (ЛШ), но триумфот на каталонскиот тим е засенет со повредата на Родри.

По натпреварот, тренерот Ханси Флик потврди дека Родри почувствувал болка, поради што мора да оди на дополнителни медицински прегледи.

„Родри почувствува мускулна непријатност. Ќе мора да почекаме до утре, кога ќе ги направиме прегледите и ќе дознаеме повеќе“, изјави Флик.

Барселона по четири одиграни кола е при врвот во ЛШ со девет бодови.

Фото: Facebook/FC Barcelona