Реал има страшен голгетер во академијата - го споредуваат со Халанд! (ВИДЕО)
Лопез е висок е 1,92 метри, а за четири сезони во мадридскиот клуб постигнал неверојатни 148 гола. Неговата позиција во кадетскиот тим на Реал централен напаѓач, а на Светското првенство постигна шест погодоци.
Шпанскиот весник го споредува со Ерлинг Халанд поради комбинацијата од физичка моќ и неверојатна ефикасност пред противничкиот гол. Реал внимателно го следи неговиот развој и го смета за еден од најголемите таленти во својата академија. Во ноември 2025 година клубот му го продолжи договорот за да ја одбие заинтересираноста од другите екипи.
Сепак, големиот тест за мадридскиот гигант ќе следува во 2027 година, кога Лопез ќе наполни 16 години и ќе може да потпише прв професионален договор.
Младиот напаѓач во Реал пристигнал од Канилјас, а уште во првата сезона, 2022/23, постигна 30 гола. Во следната сезона ја тресеше противничката мрежа 38 пати, додека во сезоната 2024/25 беше најдобар стрелец во целата младинска академија на Реал со 43 погодоци.
Минатата сезона Лопез додаде уште 37 погодоци настапувајќи за кадетскиот тим Б, а границата од 100 гола во дресот на Реал ја надмина уште во март 2025 година, со погодок против Фуенлабрада.
Неговиот потенцијал веќе е препознаен и во репрезентацијата. Лопез настапува и за Шпанија до 16 години, за која дебитираше во септември на две пријателски средби против Италија.
Од „Марка“ посочуваат дека неговите квалитети не се сведуваат само на висината и доминацијата во противничкиот шеснаесетник. Лопез е брз, поседува добра техника и одлично чувство за игра, поради што често се запишува и меѓу асистентите.
Фото: mikelopez_mlez/Instagram