Тенерифе објави нови детали за Хесус де Мигел по страшниот судир (ВИДЕО)

Шпанскиот клуб Тенерифе објави нови детали по сериозниот инцидент на дуелот со Андора, во кој напаѓачот Хесус де Мигел доживеа срцев застој по силниот судир со противничкиот голман Хесус Овоно.

Де Мигел беше итно пренесен во болницата „Ла Канделарија“, а шпанските медиуми претходно открија дека докторите успеале да го реанимираат во возилото на Итната медицинска помош.

Тенерифе во меѓувреме соопшти дека Де Мигел завршил на одделение за интензивна нега во болницата и се наоѓа во стабилна состојба.

„Хесус де Мигел, е примен на одделението за интензивна нега во Универзитетската болница ‘Нуестра Сењора де Канделарија’. Тој е во стабилна состојба, и покрај сериозноста на неговата здравствена состојба. Медицинските служби на болницата ќе ја следат неговата состојба и ќе информираат доколку има нови информации“, соопшти Тенерифе.