Венус никако да победи – го загуби 17. меч во низа!

Легендарната тенисерка доживеа нова елиминација, откако загуби во првото коло на турнирот во Хонгконг, а за победа на еден меч Венус не знае јули 2025 година.

Американската ветеранка, која има 46 години, беше елиминирана уште во првото коло на ВТА-турнирот во Хонгконг, откако загуби од сонародничката Мери Стојана со 6-2 и 6-3.

За поранешната најдобра тенисерка во светот ова беше 17. последователен пораз во сингл конкуренција, што ја продолжи нејзината лоша серија.

Стојана, која има 23 години и се наоѓа на 113. место на ВТА-листата, немаше поголеми проблеми да ја совлада искусната Американка. Во првиот сет двапати ѝ го одзеде сервисот, а во вториот Вилијамс успеа да поведе со 3-2, пред противничката да освои четири гема во низа и да го затвори мечот.

Во осминафиналето младата Американка ќе игра против победничката од дуелот меѓу првата носителка, Романката Сорана Кирстеа, и Узбекистанката Марија Тимофеева.