Комо се помачи за победа против најслабиот тим во Серија А (ВИДЕО)

Екипата на Комо стигна до седмата победа од стартот на сезоната и четвртата во низа откако во првиот натпревар денеска во Серија А ја совлада Венеција со 1-0.

Избраниците на Фабрегас беа подобар противник во текот на целиот натпревар, Венеција која е последна на табелата не успеа да упати ниту еден удар во рамките од голот на домаќините, сепак дуелот го одлучи само еден погодок.

Пред крајот на првото полувреме Де Куња реаализираше најстрога казна и го отвори резултатот. Во продолжение Комо сигурно ја чуваше предноста, рутински го приведе натпреварот кон крајот и ги освои бодовите.

Комо со овие три бода се врати на четвртата позиција пред Милан со 23 освоени бодови, „росонерите“ се со два помалку.