Емотивни сцени на „Сан Сиро“: Кака се расплака пред повеќе од 70.000 навивачи! (ВИДЕО)

Поранешниот бразилски фудбалер Рикардо Кака беше примен во „Куќата на славните“ на Милан, а неговото враќање на „Сан Сиро“ беше проследено со емотивни сцени.

Над 70.000 навивачи, кои беа присутни на стадионот, го скандираа името на Бразилецот кој не успеа да ги задржи солзите и се расплака на теренот.

Кака помина седум сезони во Милан, при што одигра 307 меча, а притоа постигна 104 голови во сите натпреварувања.

Фото: Facebook/AC Milan