МЗТ остана без тренер - Атанасов си замина по шокантниот пораз во неговата Струмица!
По заминувањето на младиот стратег, кој пристигна во клубот во 2023 година, раководството најави дека новиот кормилар кој ќе го преземе тимот во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе биде именуван во текот на следните неколку денови.
„Управата на клубот му изразува огромна благодарност на Атанасов за неговиот труд, посветеност и професионализмот што го покажа на клупата на нашиот тим. Тој секогаш ќе остане важен дел од сино-белото семејство и човек кој остави неизбришлива трага во Аеродром. Му посакуваме среќа во неговата понатамошна тренерска кариера“, се наведува во официјалното соопштение на МЗТ Скопје.
Струмичанецот Атанасов ја напушта клупата на „металците“ со четири шампионски титули во низа (2023, 2024, 2025 и 2026 година), три трофеи во Купот на Македонија (2024, 2025 и 2026 година) и уште три пехари во Суперкупот (2023, 2024 и 2025 година).