Трагедија: Млада атлетичарка загина во железничката несреќа во Шпанија! (ФОТО)

Шпанија ја потресе една од најтешките железнички трагедии, при што загинаа најмалку 69 лица, а меѓу настраданите е и 24-годишната атлетичарка Јулиета Галего.

Тешката несреќа се случи во Толедо, каде што два патнички воза се судрија, а притоа животот го загубија 69 лица, додека 64 се исчезнати.

Галего имала само 24 години и се занимавала со скок во далечина, а настапувала за атлетскиот клуб од Мадрид, АД Спринт.