По црвен картон се врати од соблекувална за да истепа противник, па доби брутална казна!
Дисциплинската комисија на полската Екстракласа му изрече шестмесечна забрана за настап на сите официјални натпреварувања на територијата на Полска, откако 27-годишниот гвинејски интернационалец физички нападна противнички играч откако претходно веќе беше исклучен од игра. Покрај долгата суспензија, фудбалерот е казнет и со парична глоба во износ од 12.600 долари.
Инцидентот се случи во саботата, за време на драматичниот пораз на Радомијак на гостувањето кај екипата на Погоњ Шчеќин (3-4). Камара беше исклучен во 90. минута од средбата и го напушти теренот упатувајќи се кон соблекувалните. Меѓутоа, откако покрај аут-линијата настана мешаница меѓу играчите на двата тима, тој неочекувано се врати од тунелот и со удар во главата удри еден од резервните фудбалери на домашниот состав.