Денеска не се спомнува Негреира: Чуамени го испрати Еспарт во аут до крајот на годината

Барселона остана без уште еден фудбалер по поразот од Реал Мадрид во „Ел Класико“. Младиот десен бек Чави Еспарт заработи повреда на десниот скочен зглоб и ќе биде надвор од терените следните два месеца.

Тинејџерот беше принуден да го напушти теренот уште во 30. минута од дуелот со мадридскиот ривал, кој заврши со победа на Реал од 2-1. На негово место влезе Алехандро Балде, откако Еспарт се повреди по еден дуел со Орелиен Чуамени. Еспарт настрада по грубиот старт на Чуамени кој за тоа не доби ни жолт картон, а и принтерот на Жозе Мурињо изгледа се расипа, па тој не излезе на прес-конференцијата со фотографија. Негреира, исто така, во Мадрид денеска не се спомнува.

Медицинските прегледи потврдиле повреда на синдезмозата на десниот глужд, односно на лигаментозната структура што ги поврзува коските на потколеницата во пределот над зглобот.

Еспарт сезонава добиваше значајна минутажа во тимот на Барселона. На девет настапи во сите натпреварувања постигна два гола и забележа две асистенции, со што покажа дека може да биде корисна опција за каталонскиот гигант. За Барселона, повредата доаѓа во незгоден момент, веднаш по болниот пораз во најголемото шпанско дерби, но и во период кога во аут се половина одбранбени фудбалери поради повреди.