Кошаркар на Оклахома изнесен на носилки - соиграчите во солзи по ужасната повреда (ВИДЕО)
Тој настрада при продор под противничкиот кош на напаѓачката половина, во момент кога над него беше направен прекршок. Лекарската служба реагираше речиси веднаш, а откако стана јасно дека се работи за многу сериозна повреда на долниот дел од левата нога, медицинскиот тим му го покри скочниот зглоб со крпи додека се чекаше пристигнувањето на носилките. Прекинот за укажување помош траеше околу пет минути, при што играчите на двете екипи во неверување и шок ги следеа сцените кои дел од соиграчите на Вилијамс ги доведоа до раб на солзи. И покрај тешкиот момент, кошаркарот седејќи на носилките ја поздрави публиката со подигнати палци додека го изнесуваа од двораната.
Шокот и емоциите беа очигледни во соблекувалната на домашниот тим, а бекот Шаи Гилџес-Александер едвај ги задржуваше солзите за време на телевизиското интервју веднаш по натпреварот. Тој потенцираше дека екипата ќе мора да остане силна и да ја брани тврдината додека нивниот соиграч не закрепне од овој тежок удар. Овој инцидент претставува огромен удар за Оклахома Сити, имајќи го предвид статусот на Вилијамс, кој во своите први 250 натпревари во НБА лигата имаше просек од 18 поени по средба.