Реал победи, но Мурињо се побуни: ВАР спиеше!

Реал Мадрид ја совлада Барселона со 2-1 на „Камп Ноу“ во десеттото коло од шпанското првенство и му го нанесе првиот пораз на каталонскиот гигант оваа сезона. Херој на „кралевите“ беше Килијан Мбапе, кој ги постигна двата гола за мадридскиот тим, додека единствениот погодок за Барселона беше дело на Рафиња.

Со овој триумф, Реал ја прекина серијата од девет последователни првенствени победи на најголемиот ривал и ја намали разликата на табелата на три бода.

По натпреварот, тренерот на Реал, Жозе Мурињо, ги пофали своите фудбалери за прикажаната игра, но упати и остри критики кон ВАР-системот поради ситуацијата во која Жоао Кансело не доби црвен картон.

„Пред сè, ова беше одличен натпревар на високо ниво, кој сигурно го гледаа сите што го сакаат фудбалот. Двата тима играа за победа, а што се однесува до нас, бидејќи ми е поважно да зборувам за моите играчи, момците одиграа извонреден натпревар.

Беа одлично организирани, концентрирани и храбри во изнесувањето на топката од последната линија против противник кој игра со многу висок пресинг“, изјави Мурињо.

Португалскиот стратег смета дека Реал можел и порано да го реши натпреварот.

„Имавме можности да поведеме со 2-0, имаше и ситуација во која Џуд и Килијан тргнаа двајца против еден противнички играч. Барселона, секако, силно реагираше во второто полувреме, но ние останавме смирени и организирани. Дури и при резултат 1-1, ниту во еден момент не ја загубивме присебноста“, додаде тренерот на Реал.

Сепак, најмногу внимание привлече неговата реакција за ситуацијата од 57. минута, кога Жоао Кансело го нагази Јан Диоманде. Судијата не му покажа картон на фудбалерот на Барселона, а Мурињо смета дека станувало збор за прекршок за директно исклучување.

„Повторно ќе кажам, игравме против голем противник, со судија за кого мислам дека одлично си ја заврши работата, но ВАР, според мене, спиеше во 60. минута. Тоа е чист црвен картон за Жоао Кансело по прекршокот над Диоманде. Но, ова беше одличен натпревар и голема победа“, порача Мурињо.