Мбапе го расплака „Камп Ноу“, Реал се врати во игра за врвот! (ВИДЕО)

Реал Мадрид излезе како победник во големото „Ел Класико“ на гости кај Барселона со 2-1 и така ја намали разликата во однос на каталонскиот гигант.

Како и што се очекуваше дербито донесе отворен фудбал со шанси и на двете страни, но Реал беше поопасен, создаде неколку конкретни прилики, но немаше реализација. По неколку пропуштени шанси на „кралевите“ возврати и Барса пред голот на Лунин, меѓутоа и каталонците не успеаја да го отворат резултат.

Токму кога изгледаше дека Барселона станува и поопасна, Килијан Мбапа искористи една грешка во одбраната по нафрлувањето на Диоманде и стрелаше за 1-0. Така избраниците на Мурињо на пауза заминаа со водство од 1-0.

Второто полувреме донесе подобра игра на Барселона, Реал поретко се закануваше, па така Барса стигна и до израмнување.

Се играше 61-та минута кога Рафиња го искористи додавањето од Педри и погоди за 1-1. До крајот, Барселона целопсно ја презема иницијатива, почна да создава шанси, пред голот на Лунин, но и Украинецот се истакна со одлични интервенции.

И во таква ситуација во финишот од натпреварот во 87-та минута, Белингам на фантастичен начин испрати топка за нововзлезениот Камвинга кој му асистираше на Мбапе за ново водство на „кралевите“.

Сега разликата на табелата помеѓу најголемите шпански ривали е само три бода, Барса е лидер со 27, Реал трет со 24.