Милан ја продолжи црната серија на Удинезе (ВИДЕО)
Победата Милан ја најави многу рано по само шест минути игра. Модриќ повторно блесна и со една мајсторска асистенција го пронајде Пулишиќ кој на одличен начин ја заврши акцијата и ги доведе „росонерите“ во водство.
Тој гол беше и единствен во првото полувреме. Знаеше и Удинезе да се закани во вториот дел, меѓутоа немаше реализација. Точка на натпреварот стави Хачисон по нешто повеќе од еден час игра.
За Милан ова беше петти триумф сезонава во која има и три нерешени, па со 18 бода се наоѓа на четвртата позиција. Удинезе пак е во долниот дел на табелата со само четири бода, но и во серија од пет порази во низа.