Фудбалска бајка: Клуб од град со 562 жители освои титула (ВИДЕО)
Успехот добива уште поголема тежина ако се знае дека клубот доаѓа од истоименото место со само 562 жители. На Рунавиќ му беше потребен еден бод против ХБ Торшавн за да ја завери титулата, но гостите први зададоа удар и поведоа со 0-1 во 60. минута.
Кога се чинеше дека шампионската одлука ќе мора да почека до последното коло, Пејтур Кнудсен се погрижи за големо славје. Во 83. минута ја затресе противничката мрежа за 1-1, резултат кој беше доволен за Рунавиќ да ја потврди титулата и да ја прекине долгогодишната пауза.
🇫🇴 NSI RUNAVÍK ARE CHAMPIONS OF THE FAROE ISLANDS FOR ONLY THE 2ND TIME IN THEIR HISTORY! 📸 nsirunavikfc https://t.co/QgsMrOQNyW
— Nordic Footy 🏴 (@footy_nordic) October 25, 2026
Последен пат овој клуб беше на врвот на фарското фудбалско првенство во 2007 година. Во годините што следуваа, шампионската круна ја освојуваа Стрејмур, ХБ Торшавн, Б36 Торшавн, Викингур и Клаксвик, но сега Рунавиќ повторно се врати на тронот.
Со освоената титула, Рунавиќ доби можност следната сезона да се натпреварува во квалификациите за Лигата на шампионите.