Македонските екипи во акција во ЕХФ Купот: Бутел брка негатива, Охрид и Алкалоид пред пласман понатаму!
Бутел денеска ќе се соочи со хрватска Горица од 17 часот, при што ќе брка негатива од три голови од првиот натпревар (24-27).
Актуелниот освојувач на ЕХФ Купот Охрид со една нога веќе е во следната рунда, откако вчера го совлада Спор Тото од Турција со 36-24, а реваншот меѓу тимовите се игра од 18.30 часот.
Алкалоид е во идентична ситуација како Охрид, откако славеше во првиот меч против Ферлах со 31-22, па денеска од 19 часот треба рутински да го потврди пласманот во следната фаза.