Поранешниот најдобар фудбалер во Европа паднал на допинг-тест!?
Според бразилските медиуми, случајот сè уште не е разрешен, а конечниот епилог би можел сериозно да влијае врз неговата кариера.
Наводно позитивниот резултат се однесува на примерок земен пред четвртфиналниот натпревар на Фламенго против Индепендиенте дел Вале во Копа Либертадорес.
Дополнителната анализа на примерокот Б треба да биде направена на 27 октомври, по што ќе биде познато што ќе се случи со Жоржињо.
Искусниот фудбалер во 2021 година беше прогласен за најдобар фудбалер во Европа од УЕФА, а во изборот за „Златна топка“ заврши на третата позиција.