Нова трагедија: Двократен руски олимпиец загина во војната во Украина!
Тој го загубил животот во конфликтот кој руските власти го нарекуваат „специјална воена операција“, а засега не се објавени конкретни детали за точната локација каде што настрадал спортистот, во која воена единица служел, ниту пак под кои околности настапила смртта. Кучеров целата своја спортска кариера ја посвети на велосипедизмот на писта.
Се натпреварувал првенствено во дисциплините поединечен и екипен спринт, каде што забележал низа значајни резултати, освојувајќи ја титулата шампион на Русија во повеќе наврати. Неговата кариера беше одбележана со настапи на најголемите светски спортски манифестации, претставувајќи ја Русија на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година и во Лондон во 2012 година.
На Олимписките игри во Пекинг настапи во екипен спринт заедно со Денис Дмитриев и Сергеј Полински, при што руската екипа го заврши натпреварувањето на 12-тото место. Четири години подоцна, заедно со Дмитриев и Сергеј Борисовго освои седмото место во конечниот пласман.