Охрид со убедлив триумф над Спор Тото ја почна одбраната на европската круна!
Актуелниот освојувач на ЕХФ Купот се соочи со отпор од Спор Тото само на почетокот на дуелот (4-4), по што ја презема контролата и почна да го полни голот на гостите за на полувреме да замине со 18-10.
Спор Тото добро го отвори вториот дел и со серија од 4-0 намали на само пет голови негатива (14-19). Сепак, македонскиот суперлигаш го засили темпото во завршницата од натпреварот и славеше со убедливи 36-24.
Најефикасен во победата на Охрид беше Доминик Мате со девет голови, додека Илкај Келесоглу запиша осум погодоци за турската екипа.
Вториот натпревар меѓу Охрид и Спор Тото се игра утре од 18.30 часот.
Фото: Facebook/ГРК Охрид - GRK Ohrid